Кога администраторот ќе те додаде во апликацијата, добиваш е-пошта со покана. Со неа ја поставуваш својата лозинка.
Пред да почнеш:Поканата стигнува од „Инфогејт Понуди“, на е-поштата што ја внел администраторот. Линкот во неа важи 24 часа.
Отвори ја поканата
Во е-поштата побарај порака со наслов „… те покани во Инфогејт Понуди“. Ако ја нема, провери во Spam.
Кликни на копчето Постави лозинка во пораката.
Избери лозинка
Се отвора страницата Постави лозинка. Внеси ја лозинката во полето Нова лозинка, па уште еднаш во Повтори ја лозинката.
Лозинката мора да има најмалку 8 знаци.

Зачувај ја лозинката
Кликни Зачувај лозинка. Веднаш си најавен и го гледаш екранот со понуди.

Следниот пат: најави се
Отвори ponudi.infogater.com. Внеси ја е-поштата во Е-пошта и лозинката во Лозинка. Кликни Најави се.

СоветКога Запамети ме е штиклирано, остануваш најавен и откако ќе го затвориш прелистувачот. На туѓ или заеднички компјутер отштиклирај го.
ВниманиеАко видиш „Линкот е неважечки или истечен. Побарај нов.“, поминале повеќе од 24 часа или линкот е веќе искористен. На најавата кликни Заборавена лозинка? и побарај нов линк. Ако не стигне, јави се кај администраторот.